Њукасл силно притисна за ангажман на Сандро Тонали, се говори дека играчот веќе прифатил плата од 8-10 милиони евра по сезонa, па сега клубот од Сент Џејмс Парк со Милан ќе ги пегла деталите за трансфер вреден помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Зделката ќе ги раздвижи трансфер активностите на Милан и „росонерите“ веќе кројат планови како ќе ги трошат парите.
Претходно се говореше за ангажман на Давиде Фратези од Сасуоло и Сергеј Милинковиќ Савиќ од Јувентус, а последните информации говорат за активирање на откупната клаузула на големиот талент на Фенербахче, Арда Ѓулер.
18 годишното момче, кое многумина го нарекуваат „турскиот Меси“, има откупна клаузула од 17,5 милиони евра и Милан сега е подготвен да ја плати оваа сума.
Потешкиот дел е да се убеди Арда Ѓулер и неговиот татко да го одберат Сан Сиро како следна дестинација, голем број клубови од Европа, помеѓу кои Барса и ПСЖ, пројавуваат интерес за неговите услуги.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.