Како ќе изгледа Арсенал доколку Артета ги добие играчите кои ги бара (ФОТО)

by
1 минути читање

Клубот од Северен Лондон оваа сезона долго време беше фаворит за титулата, но неколку киксови во финишот придонесоа Манчестер Сити да се врати од голема негатива и да стане старо-нов шампион на Англија.

Микел Артета и Арсенал планираат и следната сезона да атакуваат на врвот, па „топчиите“ се во преговори со неколку фудбалери. Вест Хем одби две понуди за Деклан Рајс, но се верува дека ќе пристигне и трета вредна околу 100 милиони фунти и двата клуба ќе си подадат рака, договорот со фудбалерот е практчно завршена работа.

„Топчиите“ исто така се во напредни преговори со Челси за трансфер на Каи Хаверц, последната понуда е 60 милиони фунти и се верува дека „сините“ ќе дадат зелено светло за продажба. Како и во случајот со Деклан Рајас, Арсенал веќе начелно ги договори личните услови на напаѓачот.

Се водат преговори и со Ајас за трансфер на Јуриен Тимбер, првата понуда од 30 милиони фунти е одбиена, клубот од Амстердам го цени дефанзивецот на 50 милиони фунти но двата клуба имаат волја да пронајдат компромис.

Со реализирање на овие три зделки, Арсенал ќе потроши преку 200 милиони фунти во следните недели, Артета ќе добие квалитет и поширок ростер, Дејли Мејл веќе шпекулира како може да изгледа стартниот состав следната сезона.

„Топчиите“ веројатно нема да застанат тука, Ромео Лавија од Саутемптон исто така е во бележникот на Артета и при врвот на листата со желби на Арсенал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани