Лестер немаше милост, му врачи отказ на Раниери!

by
2 минути читање

Заврши убавата
приказна на Клаудио Раниери и Лестер, стратегот попладнево доби отказ.

Италијанецот
минатата сезона ги предводеше „Лисиците“ до огромно изненадување и титула во
Премиерлигата, но оваа сезона резултатите не се на посакуваното ниво.

Лестер е само на
бод од зоната за испаѓање и можат да станат првиот шампион кој се преселил во
ранг подолу по Манчестер Сити во 1938, па управата на клубот реши да се раздели
со Клаудио Раниери.

Потпретседателот
на клубот, Аијават Сриваданапаба рече: „Ова е најтешката одлука која сме ја
донеле изминативе седум години откако го превзедовме Лестер
.

„Но обврзани сме
во прв план да ја ставиме долгорочната иднина пред сентименталноста
.

„Никогаш не
очекувавме дека ќе го повториме неверојатниот успех од минатата сезона,
опстанок во Премиерлигата ни беше прва и единствена цел
.

„Но и за оваа цел
сега не чека тешка борба, па мислиме дека е неопходна промена за максимално да
ги искористиме приликите кои ќе ни се укажат на последните 13 натпревари
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани