„Топчиите“ доставиле втора понуда за трансфер на Деклан Рајс, на маса ставиле 75 милиони фунти, плус додатни 15 милиони фунти во бонуси.
И покрај тоа што ова е рекордна сума за Арсенал, се очекува Вест Хем да го одбие предлогот, „чеканите“ инсистираат да добијат околу 100 милиони фунти.
Првата понуда на Арсенал изнесуваше 80 милиони фунти, и тогаш Вест Хем не само што сметаше дека сумата е премала, не беше задоволен и од структурата на зделката.
Првичната исплата била мала, и трансфер сумата ќе стигнеле до 80 милиони фунти само доколку Арсенал ја освои Премиерлигата или Лигата на шампиони, „чеканите“ веруваат дека има мали шанси за ова и бараат полесни клаузули со кои практично ќе се гарантира дека ќе ги добијат сите бонуси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.