Хоселу го одбра бројот, дали Реал Мадрид најави нов трансфер?

by
1 минути читање

Хоселу е четвртото
засилување за Карло Анчелоти ова лето, 33 годишниот напаѓач денеска беше
промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид.

Она што на
многумина им падна во очи е бројот кој го одбра Шпанецот, кој се реши за
„14-ката“ која претходно ја носеше Касемиро.

Ваквиот развој на
настаните се толкува како сигнал дека Реал Мадрид ова лето планира да донесе
уште еден голгетер за кого е резервирана „9-ката“ и две имиња се во прв
план: Килијан Мбапе и Карим Бензема.

Останува да се
види што ќе се случува на трансфер пазарот до крајот на летото, во меѓувреме,
Хоселу не ја криеше радоста одново да го облече белиот дрес.

„Сонував за ова
од првиот ден кога го напуштив Реал, многу сум возбуден. Сакам да му се
заблагодарам на Флорентино Перез, Хосе Анхел и Карло Анчелоти за укажаната
доверба. Да се носи грбот на Реал Мадрид на градите е најголема чест која може
да ја искуси една личност. Хала Мадрид“
– порача Хоселу, кој во 2009 беше купен
од „кралевите“, беше најдобар стрелец во Реал Мадрид Кастиља во сезоната 2010/11
но никогаш не доби права шанса во првиот тим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани