Летото во 2019
година, Еден Азар направи трансфер во Реал Мадрид и стана најскапиот играч во
историјата на „кралевите“.
Но Реал Мадрид
виде малку аир од него, па за да му ги скрати маките, овој месец му плати за да
си оди и да се раскине последната година од договорот.
Се шпекулираше
дека Еден Азар би можел да оди во пензија, но фудбалерот од Белгија го
демантираше ова со провокативен коментар кон Реал Мадрид.
„Дали би се
преселил во Моленбек да играм покрај мојот брат? Не знам дали ова е глупаво или
не, ајде ќе видиме. Знам дека не го давам одговорот кој го очекувате, но
искрено, не знам што ќе се случи“ – вели Еден Азар по најавите за крај на кариерата на 32 години.
„Но во секој
случај можам да ве осигурам дека сум способен да играм на врвно ниво“.
„Моето тело може
да го издржи напорот, одмарав три години“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.