Десниот бек
минатото лето ја искористи опцијата предвреме да го раскине договорот и како
слободен играч се пресели во Јувентус.
Пред неколку дена, Дани
Алвеш откри дека се решил на еден ваков чекор бидејќи бил разочаран од начинот
на кој управата го третирала, и со овој потег им одржал добра лекција.
Но денешното издание на Мундо Депортиво открива друга страна на целата приказна, Бразилецот изминатиов период во неколку
наврати остварил контакт со Барса и се понудил да се врати на Камп Ноу.
Весникот вели дека
Дани Алвеш тешко се привикнувал на животот во студениот Торино, а исто така
имал потешкотии и при адаптацијата во тимот и соработката на теренот со новите
соиграчи.
Па тој пробал да
се врати на Камп Ноу во зимскиот преоден рок, но од таборот на Барса само му се
заблагодариле на понудата и го информирале дека неговото поглавје во клубот е
завршено, особено поради начинот на кој тој решил да замине.