Неколку извори од Италија пренесуваат дека Кенан Јилдиз има повреда на стапалото поради која може да паузира помеѓу осум и десет недели.
Голем пех за Јувентус на стартот од новата сезона, Кенан Јилдиз се повредил против Фросиноне во саботата и денеска му биле направени детални тестови кои не донеле добри вести.
Голем број на извори пренесуваат дека Турчинот има посериозна повреда на левото стапало, веројатно ќе треба да прави операција, а со тоа и да паузира помеѓу осим и десет недели.
Доколку бидат потврдени црните прогнози, Кенан Јилдиз може да пропушти околу десет натпревари во Серија А (Парма, Милан, Сасуоло, Аталанта, Каљари, Лацио, Лече, Џенова, Наполи и Фиорентина), плус неколку дуели во Лига Европа.
Алајбеговиќ и Бога ќе треба да го надополнат неговото отсуство, а шанса би можел да добие и Нико Гонзалез.
ФОТО: X/JuventusFC