Само еден играч на Манчестер Сити не пиел алкохол за време на прославата

by
1 минути читање

Џек Грилиш беше во центарот на вниманието за време на прославата на тројната круна на Манчестер Сити. Голманот Едерсон открива дека сите пиеле освен еден.

„По напорната сезона нормално беше да се општиме. Тројна круна имаше освоено само Манчестер јунајтед. Работевме многу во текот на сезоната, па прославата беше нормална“, вели Едерсон.

„99 проценти од тимот пиеше и сите уживаа во тоа. Многу од играчите завршија со славење дури во понеделникот и тоа е во ред. Треба да се прослави. 1 процент кој недостасува е Натан Аке, само тој не пиеше. Има и други играчи кои обично не пијат, но сега направија исклучок“.

„Еден од оние кои направија исклучок и не поминаа добро беше Рубен Диаш. Од две чашки го фати и почна да повраќа. Поврати врз мајката на Грилиш, односно врз нејзината чанта“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани