Баерн му ги мати сметките на Манчестер јунајтед, на Ким Мин Џае му понудиле плата од 10 милиони

by
1 минути читање

Подолго време се
пишуваше дека Ким Мин Џае ќе се пресели во Манчестер јунајтед, но последните
информации велат дека Баерн Минхен е фаворит за потписот на дефанзивецот на
Наполи.

„Баварците“ ќе
останат без Лукас Ернандез па отвариле контакт со Ким Мин Џае и одржале
позитивни преговори.

На дефанзивецот
му понудиле плата од 10 милиони евра по сезона и сега се пеглаат провизиите за
агентите. Баерн Минхен нема проблем да ја плати откупната клаузула во договорот
на Ким Мин Џае, која се движи од 50 до 70 милиони евра и може да се активира од
1ви до 15ти јули.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани