По добрата сезона
во дресот на Брајтон и триумфот со Аргентина на Светското првенство, Алексис Мекалистер
се пресели во Ливерпул, „црвените“ ја активираа неговата
откупна клаузула од 35 милиони фунти.
Во разговор со
ЕСПН Аргентина, фудбалерот од средниот ред откри дека Јирген Клоп одиграл
клучна улога во трансферот на Енфилд.
„Имав прилика да
разговарам со Клоп, тоа беше една од најважните причини зошто се решив за
трансфер толку рано во преодниот рок. Видов каква желба има да ме ангажира, и
каква желба има да продолжи да освојува титули со клубот, па тоа ми значеше
многу. Разговаравме за фудбалот, неговата визија и планот клубот да продолжи да расте
и да освојува трофеи“ – вели Мекалистер.
Аргентинецот
смета дека „црвените“ се најголемиот клуб во Англија и ги спореди со Бока Јуниорс.
„Ми се оствари
сонот, ќе играм за еден од најголемите клубови во светот и најголемиот во
Англија. Преселба во Ливерпул беше правиот чекор, не само поради сегашноста,
туку и поради историјата која клубот ја има и пасијата која се пренесува“.
„Ливерпул е
англиската Бока јуниорс“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.