Меси ги разочара аргентинските фанови: На СП 2026 ќе бидам само гледач!

by
1 минути читање

И самиот негов трансфер во Интер Мајами, во лига која е далеку под европското ниво, е знак дека нема уште долго да игра за Аргентина.

„Јас и претходно кажав, настап на СП 2026 е многу тешко остварливо. И не мислам дека ќе играм на него. Моето мислење не се сменило, би сакал да бидам на СП како гледач, но нема да учествувам како играч“, вели Меси.

Поради трофејот на Светското првенство со Аргентина, Меси би можел да ја освои Златната топка, тој вели дека индивидуалните награди не му значат.

„Дали ќе ја освојам ‘златната топка’ и дали таа ми значи нешто? Во овој период на кариерата, ако ја освојам – добро. Ако не ја освојам – ништо посебно. Во овој период од животот, таа награда не ми е толку важна. Јас и порано велев, индивидуалните награди не се нешто за кое живеам, тие другите трофеи се многу поважни за мене. А, најважната награда во животот е освојувањето на Светското првенство. Тоа е најголема награда, нема ништо поголемо од тоа“, додаде Меси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани