Килијан Мбапе синоќа го известил ПСЖ дека нема да ја активира опцијата за продолжување на соработката до јуни 2025 година и ги вклучи алармите за трансфер.
Реал Мадрид како и секогаш се посочува како главен кандидат за потписот на Французинот, но зделката воопшто нема да биде лесна и покрај тоа што напаѓачот има само уште една година од актуелниот договор.
Се говори дека ПСЖ поставил цена од 180-200 милиони евра, а како што пренесува „Ел Чирингито“, Килијан Мбапе доставил две барања до „кралевите“.
Тој го сака дресот со бројот 10 и да игра по левата страна, а не како централен напаѓач.
Ова може да му создаде многу главоболки на Флорентино Перез, дресот со бројот 10 во моментов му припаѓа на Лука Модриќ, кој има огромна желба да одигра уште една сезона во белиот дрес па дури одбива и 80 милиони евра годишно од Саудиска Арабија.
Левата позиција во нападот пак е резервирана за Винисиус Жуниор, на кого му е ветена улогата на нова голема ѕвезда на Реал Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.