„Кралевите“
останаа без Бензема, напаѓачот доби 200 милиони евра по сезона од Саудиска
Арабија, па наместо да продолжи во Реал Мадрид, се пресели во Ал Итихад.
Се говори дека Хари
Кејн е прва желба на Карло Анчелоти, но Флорентино Перез се двоуми дали да
инвестира 100+ милиони евра во играч кој следниот месец ќе наполни 30 години.
Килијан Мбапе е
дамнешна желба на претседателот на Реал Мадрид, но еден ваков трансфер поголеми
шанси има да се реализира летото во 2024 година.
Начо, кој реши да
остане во Мадрид и да стане нов капитен на Реал, во разговор со „Ел Чирингито“
најави едно вакво сценарио.
„Хари Кејн
перфектно ќе се вклопи ова лето, а Килијан Мбапе може да дојде следното лето“ –
вели Шпанецот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.