Челси на Интер му нуди трампа два за еден

by
1 минути читање

Маурисио Покетино
сака нов голман и Андре Онана е на врвот на листата со желби на Челси и
Аргентинецот.

Интер нема намера
лесно да се откаже од Камерунецот и се шпекулира дека „нероаѕурите“ поставиле цена
од 60 милиони евра.

„Сините“ изминатите
два преодни рока потрошија преку 600 милиони евра на засилувања, сега не сакаат
премногу да се расфрлаат со пари, па подготвени
се да понудат двајца играчи со цел да ја намалат цената на голманот.

Како што
пренесува Сан, Челси е подготвен во Интер да ги испрати Ромелу Лукаку и Калиду
Кулибали со цел да стигне до потписот на Андре Онана.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани