Верона и Специја имаа исто бодови на табелата, а една од нив требаше да опстане, а другата да испадне. Во таква ситуација според новите правила на Серија А, не решава ниту меѓусебен дуел, ниту гол разлика туку се игра мајсторка.
Верона со 3-1 го доби дуелот за опстанок, Специја се сели во Серија Б.
Сите голови на мечот беа постигнати во првото полувреме од натпреварот.
Верона поведе со гол на Фараони уште во петтата минута, а само десет минути подоцна Ампаду изедначи на 1-1.
Следуваа два гола на Нгонге за водство од 3-1 за Верона кое се покажа и како конечен резултат.
Во вториот дел Специја пропушти голема шанса да се врати во игра откако Фараони во 68. минута доби црвен картон и беше досуден пенал, но Нзола го промашу ударот од белата точка.