Ла Лига минатата
недела го одбори физибилити планот на Барселона, но пред да бидат донесени
квалитетни засилувања, „каталонците“ мора да продаваат.
Техничкиот
директор Матеу Алемани ќе ги извести агентите на фудбалерите каква е
ситуацијата, а Чави ќе разговара со самите играчи и ќе им пренесе дека нема да
имаат минутажа следната сезона.
Фудбалерите кои минатата сезона беа на позајмица одат на продажба, а ќе бидат жртвувани и неколку звучни имиња како Франк Кеси, Ансу
Фати и Феран Торес кои ќе добијат порака дека мора да си заминат од Камп Ноу и тоа
што поскоро, Барселона сака барем две од овие три зделки да ги реализира до крајот
на јуни.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.