Мартинез го крена пехарот од најголемото репрезентативно натпреварување, Светското првенство, а дојде на победа да го направи истото и во најдоброто клупско натпреварување, Лигата на шампионите.
„Ова и финалето од Светското првенство се двата најважни меча кои можат да се играат. Дресот е различен, но чувството е исто“, вели Лаутаро Мартинез.
„Тука сме благодарение на нашата напорна работа како тим, тоа е најважното за остварување на нашите цели. На еден чекор сме до трофејот“.
„Знаеме дека Манчестер Сити е тежок ривал, поради нивните индивидуални и колективни квалитети. Подготвени сме за овој меч, сега мора тоа да го покажеме и на теренот. Ова е одлична сезона за мене, многу сум среќен и се надевам дека ќе можеме да ја завршиме на најдобар можен начин“.
„Веруваме дека можеме да го вратиме трофејот назад во Милано. Тоа е сон, голем сон, тежок. Поминавме многу за да стигнеме до тука, сега сме на чекор од тоа и мора да дадеме се“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.