Де Брујне објасни зошто Интер ќе биде тежок противник за Манчестер Сити

by
1 минути читање

Манчестер Сити е голем фаворит за освојувањето на Лигата на шампионите, но Де Брујне е свесен дека нема да биде лесно.

„Ја сфаќаме играта на Интер. Тие се компактни, играат 5-3-2, двајцата напаѓачи ја држат добро топката и имаат тркачи во средниот ред. Тие се бранат исклучително добро. Не очекуваме отворен натпревар, тоа не се случува често во финалињата“, вели Де Брујне.

„Не треба брзо да стануваме нервозни. Можеби нема да имаме многу простор за рано да создадеме шанси. Треба да играме онака како што играме, да бидеме комфорни, и да се надеваме дека ќе најдеме простор да постигнеме голови“.

„Во последните пет-шест години во Премиерлигата, многу од послабите тимови играат со пет играчи во дефанзивата, повеќето 5-4-1, но Интер го прави тоа со двајца напаѓачи што е малку поразлично. Предноста на Интер во однос на англиските тимови е што тие тоа го играат цело време, го имаат усовршено системот и се многу добри во тоа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани