Не само фудбалери, Саудиска Арабија ќе купува и судии, најдобриот веќе добил понуда!

by
0 минути читање

Прв на листата со желби на Саудијците е Шимон Марчињак кој ќе го суди финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер. Тој го судеше и финалето на Светското првенство.

Марчињак веќе добил понуда да суди во првенството на Саудиска Арабија, но и да ја организира судиската организација.

Нема информација за тоа колку е голема понудата за Марчињак, но тоа сигурно се пари кои во Европа не би ги заработил до крајот на судиската кариера.

×