По триумфот во
Конференциска Лига, од таборот на „чеканите“ соопштија дека капитенот Деклан
Рајс ќе биде продаден.
Запрашан дали
финалето во прага беше последен натпревар за Англичанецот во дресот на Вест
Хем, првиот човек на клубот, Дејвид Саливан рече: „Мислам дека мора да биде. Му
ветивме дека може да замине а и тој одлучи дека сака да замине“.
„Наскоро ќе го
напушти клубот и ние ќе треба да донесеме замена, или неколку замени“.
„Му понудивме
неделна плата од 200.000 фунти пред 18 месеци и го одби новиот договор. Го
чинеше околу 10 милиони фунти тоа што остана во Вест Хем“.
Се говори дека
Арсенал во моментов прави најконкретни чекори за ангажман на Деклан Рајс,
играчот исто така е на радарот на Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Манчестер
Сити, Челси, Ливерпул и Њукасл.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.