Последното коло од
Серија А донесе доста возбудувања, најдраматично беше во Рим каде Рома со 2-1
ја совлада Специја.
Пауло Дибала со
гол од пенал во 89. минута донесе победа и ја остави „волчицата“ во местата кои
водат во Лига Европа, Аргентинецот во исто време го испрати својот поранешен
клуб Јувентус во Конференциска Лига.
Резултатот
значеше и бараж за опстанок во Серија А, откако Верона загуби на гостувањето
кај Милан, па остана изедначена со Специја по бројот на бодови. Кој ќе остане
во елитата а кој ќе оди во втора лига, Верона и Специја сега ќе одлучуваат во
меѓусебен дуел на неутрален терен кој ќе се одигра следната недела.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.