Рома пред неколку преодни рока ја помина границата од Финансискиот фер плеј, па овој период мора да го надополни тоа.
Минатото лето потроши само седум милиони евра, а се чини дека и ова лето нема да може да се расфрла со пари.
За почеток клубот планира да ги продаде Тами Абрахам и Роџер Ибањез на клубови од Премиерлигата.
Рома треба да генерира околу 40 милиони евра пред 30 јуни, а потоа ќе може да троши за трансфери.
Со продажба на Абрахам и Ибањез, волчицата очекува да добие барем двојно повеќе пари од таа сума.
Еден од трансфер плановите е да се задржи дефанзивецот Диего Љоренте кој многу брзо се вклопи во системот на Мурињо.
Тој е на позајмица од Лидс, опциите се позајмицата да биде продолжена, или англискиот клуб кој испадна во Чемпионшип да ги намали барањата за перманентен трансфер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.