Жозе Мурињо изминатото лето имаше буџет од седум милиони евра за трансфери, тоа е смешна сума, но и покрај тоа Португалецот ја однесе Рома во европско финале, кое синоќа го загубија од Севиља. Целата за пласман во Лигата на шампионите не се исполни.
Зборувајќи за својата иднина, Мурињо рече дека сака да остане, но само со вистински услови за да може да го даде најдоброто од себе.
„Сакам да останам во Рома, но моите фудбалери заслужуваат повеќе и јас исто така заслужувам повеќе“, вели Мурињо.
„Навистина сум изморен да бидам тренер, лице за комуникација на клубот, лице кое ќе каже дека сме биле ограбени…“.
„Сакам да останам, но со вистински услови за да го дадам најдоброто“.
„Во понеделник одам на одмор. Доколку имаме време да разговараме за мојата иднина до понеделник, ќе разговараме. Доколку не, ќе одам на одмор, а потоа ќе видиме. Треба да се борам за овие момци и не можам да речам со сигурност дека ќе останам“.
„Сериозен човек сум. Пред неколку месеци им кажав на сопствениците дека ако имам контакт со други клубови, тие ќе бидат првите кои ќе знаат. Секогаш сакам да бидам искрен и директен“.
„Зборував со клубот во декември кога имав понуда од португалската репрезентација. Отогаш сум немал контакт со никој друг. Имам уште една година од мојот договор и тоа е ситуацијата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.