Арсенал шокиран од барањата на Салиба за плата, „топчиите“ стравуваат дека дефанзивецот ќе се пресели во ПСЖ

by
1 минути читање

Арсенал го купи Вилијам Салиба летото во 2019 година, но три сезони го испраќаше на позајмица во Лига 1. Оваа сезона тој доби шанса да покаже што умее на „Емирати“ и за кратко време се наметна како незаменлива алка во дефанзивата на „топчиите“.

Неговиот договор е до јуни 2024 и Арсенал се обидува да ја продолжи соработката, му нуди три пати поголема плата, односно 120.000 фунти неделно.

Но како што пренесуваат медиумите од „островото“, оваа бројка е далеку од она што Вилијам Салиба го побарал, Французинот го шокирал Арсенал со своите барања.

„Топчиите“ сега стравуваат дека летоска ќе треба да го продадат дефанзивецот и се сомневаат дека зад случувањата стои ПСЖ, клубот од Париз му ветува многу пари за преселба на „Паркот на принцовите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×