Бензема на маса има две понуди, една за продолжување на договорот со Реал Мадрид, а другата, многу побогата од клуб од Саудиска Арабија.
Французинот во наредните денови ќе донесе одлука за својата иднина, но големи се шансите да замине.
Доколку Бензема си отиде, Реал Мадрид ќе тргне по Хари Кејн од Тотнем, наводно Даниел Леви се согласил да го продаде напаѓачот.
А без разлика дали Бензема ќе замине или ќе остане, Реал Мадрид планира да го ангажира Роберто Фирмино кој во кралскиот клуб би пристигнал како слободен фудбалер.
Ангажман на Кејн и Фирмино, а заминување на Бензема би било реално сценарио за Реал Мадрид во летниот преоден рок кога напаѓачката линија е во прашање.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.