Прославија влез во Втора Бундеслига, па паднаа во тежок очај! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вехен победи со 1-0 против Халешер и во тие моменти се чинеше дека се пласира во втората Бундеслига. Навивачите влегоа на терен и почнаа да слават заедно со своите фудбалери.

Но, во тие моменти Оснабрук направи комплетен пресврт на својот меч. До 93. минута губеа од вториот тим на Борусија Дортмунд, а со голови во 94. и 96. минута победија со 2-1. Тоа значеше дека тие одат во ранг погоре. 

Прераното славје на Вехен се претвори во големо разочарување. Но не е се загубено за овој тим, тие ќе играат бараж за влез во втората лига и ќе имаат шанса така да го направат успехот кој веќе го прославија.

Елверсберг и Оснабрук се тимовите кои изборија пласман во втората Бундеслига, Вехен ќе игра бараж.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×