Се истражува местенка во Серија Б, што ли само правеа голманот и дефанзивецот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Неколку дена по
последното коло во Серија Б е отворена истрага за можна местенка, сомнителен е
голот за победа на Перуџа во дуелот против Беневенто.

Гостите знаеа дека
немаат шанси за опстанок, додека пак домаќините мораа да победат и да чекаат услуга
од други за да стигнат до местата кои носат бараж за опстанок.

При резултат 2-2,
во 94. минута од натпреварот гостинскиот дефанзивец Максим Левербе практично им
ја остави топката на домаќините, ниту голманот не беше на голот, па Куан немаше
потешкотии да ја затресе мрежата за 3-2.

Голот не и
помогна на Перуџа, Бреша одигра 2-2 па домаќините заедно со Беневенто и СПАЛ се
селат во трета лига.

Сепак, реакцијата
на дефанзивецот на Беневенто и голманот е прилично смешна, па обвинителот при Фудбалската
федерација на Италија ќе проверува дали станува збор само за несмасност или
местенка и влијание врз спортските резултати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×