Жорди Алба
следната сезона требаше да биде далеку најплатениот играч на Барселона, на име
на заостанати плати од ковид-19 пандемијата и она што му следува за последните 12
месеци од договорот, левиот бек требаше да добие неверојатни 38 милиони евра.
Но Жоан Лапорта
може да здивне, голем број на извори пренесуваат дека Жорди Алба решил да
замине од Камп Ноу и да прости огромен дел од парите кои му следуваат.
Со оглед на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот, ова е голем гест на Жорди Алба, кој како
младинец долги години беше дел од школата на Барселона, но луѓето од
академијата сметале дека тој е премногу ситен и нема да се снајде во првиот
тим.
Левиот бек
преку Валенсија стигна до патот на успехот, во 2012 се врати на Камп Ноу и
повеќе од една деценија беше незаменлив во тимот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.