Нема дилеми за иднината на Гвардиола, ќе биде во Сити и следната сезона

by
1 минути читање

Престојот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е негов најдолг во еден клуб. Некои сметаат дека ако ја освои Лигата на шампионите би можел да си замине од клубот.

Се верува дека Гвардиола би си заминал и доколку Манчестер Сити добие посериозна казна од Премиерлигата бидејќи против нив се води случај за 115 прекршувања на финансискиот фер плеј. Но тој вели дека и тоа нема да го натера да замине.

„Ќе останам во Манчестер Сити следната сезона, не размислувам за заминување од клубот“, рече Пеп.

„Ќе останам следната сезона со 100 прекршувања од Премиерлигата против нас, не се секирајте. Ќе бидам тука“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×