Винисиус Жуниор е
во фокусот на фодбалската јавност во Шпанија откако во неделата на „Местаља“
доби навреди на расна основа. Бразилецот не премолче, се упати кон трибината и
го впери прстот кон навивачите кои му дофрлаа „мајмун“.
По новите немили
сцени, се појавија гласини за можно заминување на Винисиус Жуниор од Реал
Мадрид, луѓето блиски до фудбалерот го советувале да направи трансфер, а
наводно и самиот Бразилец размислувал за промена на средината.
На денешната прес
конференција на Карло Анчелоти, главна тема беше Винисиус Жуниор, а едно од
прашањата беше за иднината на напаѓачот.
„Мислам дека не
размислува за заминување бидејќи го обожава фудбалот и го обожава Реал Мадрид.
Неговата љубов кон овој клуб е огромна и сака да направи кариера тука“ – вели тренерот
на Реал Мадрид пред натпреварот со Рајо.
„Сите сме
загрижени поради работите кои се случуваат. Ми се чини дека е фер тоа што многу
се говори на оваа тема, ова е прав момент да се подобрат одредени работи“.
„Винисиус е тажен
и денеска не тренираше бидејќи го мачи коленото. Суспендиран е за утрешниот
натпревар… но ова веќе е друга дебата“.
„Ќе почекаме да
видиме каква казна ќе добие за црвениот картон и од тоа ќе зависи колку
слободни денови ќе му дадеме, може да го оставам да одмори и една недела“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.