Се чини дека место во Лигата на шампионите за Милан може да има само доколку Јувентус добие нова казна со одземање на бодови, во спротивно росонерите имаат само теоретски шанси.
Италијанските медиуми најавуваат сериозни промени поради неуспешната сезона. Тие ќе почна со промена на тренерот, би требало да следува разделба со Стефано Пиоли. Се шпекулира дека на негово место може да пристигне Конте.
Најмалку седум играчи се на излезна врата. Еден од нив е Дивок Ориги кои не успеа да се наметне како достојно засилување за Милан.
Росонерите нема да ја продолжат соработката со позајмените Бакајоко и Дест, а исто ќе биде и со Вранкс за кого Милан не планира да му плати 12 милиони евра на Волфсбург.
Ќе заминат и Бало-Туре и Месијас, а Адли ќе биде испратен на позајмица во клуб каде би добивал повеќе минути на теренот.
Не се исклучува можноста листата да биде зголемена, има играчи и кои Милан сака да ги задржи, но тоа не зависи од нив, таков е Брахим Дијаз чиј последен збор го има Реал Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.