Касано не важи за некој голем стручен аналитичар, но неговите изјави кои ги дава во подкастот на Бобо Виери предизвикуваат внимание во јавноста повеќе затоа што се контроверзни и директни отколку што се аналитични и длабоки.
Овојпат мета на Касано беше Јувентус за кој вели дека е срање во последно време.
„Севиља заслужено отиде понатаму, тие одиграа добар меч, во текот на целиот натпревар беа подобри, од почетокот до крајот. Јувентус имаше два контра напади, две шанси од прекин, и постигнаа еден гол. Јувентус е секогаш таков, тие одат во Лигата на шампионите и се срање, потоа одат во Лига Европа и исто“, вели Касано.
„И оваа година не освоија ништо. Алегри зборува за некакви потешкотии, но какви потешкотии? Тие за две години немаат одиграно ниту еден добар натпревар, изгледаат како срање“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.