Драмата во Базел и припадна на Фиорентина, италијански екипи во сите финалиња! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италијански екипа
ќе играат во сите европски финалиња откако Фиорентина во драматичен финиш стигна до победа од 1-3 на гостувањето кај Базел и обезбеди пресметка против Вест Хем за трофејот
во Конференциска лига.

Гонзалес погоди
со глава во 35. минута за 0-1, но по десет минути игра во второто полувреме, Амдуни изедначи на 1-1.
Гонзалес повторно стапи на сцена и во 72. минута донесе водство за „виолетовите“
од 1-2, па натпреварот отиде во продолженија.

Во додатните 30
минути Фиорентина беше подобра, но никако не успеваше да постигне трет гол. Драмата
дополнително се зголеми кога еден навивач побара лекарска помош и натпреварот
беше прекинат, за потоа во 128. минута двајца домашни играчи да се судрат а Барак да
погоди за 1-3 и огромна радост.

Претходно, Вест
Хем со победа од 0-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар само го потврди својот настап
во финалето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×