Брајтон изминатиов
викенд со 0-3 славеше на Емирати и го отпиша Арсенал од трката за титулата, но
Њукасл вечерва не дозволи ново изненадување.
Популарните
„страчки“ вечерва славеа со 4-1 и направија значаен чекор кон топ четири
пласман, потребна им е уште една победа во последните две кола за да обезбедат
настап во Лигата на шампиони.
Ундев во 22. минута
си постигна автогол за 1-0, а длабоко во судиското надополнување, Бурн зголеми
на 2-0.
На стартот од
вториот дел, Ундев ја затресе и мрежата на Њукасл за 2-1, но тоа беше се што
направија гостите. Во финишот од мечот, со два брзи гола на Вилсон и Бруно
Гимараеш, домаќините ги потврдија трите бода.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.