Де Брујне му порача на Гвардиола да замолчи, Пеп открива зошто се расправал и на 2-0 водство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола е
перфекционист, стратегот често знае да им замери на своите играчи и кога
Манчестер Сити е во добитна комбинација. Така беше и на вчерашниот натпреварот
против Реал Мадрид, кога при резултат од 2-0, Шпанецот влезе во расправија со
Кевин Де Брујне на стартот од вториот дел.

Фудбалерот од
Белгија не остана покус, почна да прави гестикулации и да му вели на Пеп
Гвардиола да замолчи.

По крајот на
натпреварот, тренерот на Манчестер Сити објасни зошто настанала тензијата.

„Иако водевме со
2-0, многу брзавме во второто полувреме. Гундоган изгуби една топка, Кевин
непотребно во три наврати тргна во контра… Брзавме во период кога требаше да
го правиме спротивното“
– објасни Пеп Гвардиола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×