По елиминацијата во
Лигата на шампиони од Интер, „росонерите“ фокусот ќе го свртат кон преостанатите
три кола во Серија А и обидот да се избори топ 4 пласман, трансфер буџетот ќе
зависи од тоа во кое натпреварување ќе играат следната сезона.
Според Газета
дело Спорт, на Милан му требаат шест до седум засилувања, клубот од Сан Сиро ќе
има три приоритети во летниот преоден рок.
Потребен е нов
фудбалер од средниот ред, односно профил на играч сличен на поранешната ѕвезда
Франк Кеси. Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти клубот па потребен е нов централен
напаѓач, а високо на листата се наоѓа и ангажман на офанзивно крило.
Самиот Паоло
Малдини синоќа порача дека Милан мора да инвестира и да го засили тимот но
стратегијата на „росонерите“ нема да се промени, целта е да се ангажираат млади
и перспективни играчи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.