Алемани се пишманил и побарал да остане во Барса, Лапорта му дозволил!

by
1 минути читање

На почетокот од
овој месец, Барселона соопшти дека Матеу Алемани го напушта клубот по крајот на
сезоната, се веруваше дека се е завршено за негова преселба во Астон Вила,
клубот од Премиерлигата му дал многу поголема плата и трансфер буџет.

Сепак, попладнево
се појавија информации кои велат дека Матеу Алемани се пишманил, побарал да
продолжи на Камп Ноу и Жоан Лапорта дал зелено светло.

Матеу Алемани останува
директор за фудбал, но во иднина ќе соработува со нов спортски директор откако
вчера беше соопштено дека Жорди Кројф заминува од Барселона.

Се верува дека
Матеу Алемани трансфер плановите ќе ги крои со Деко, двајцата веќе се сретнале
денеска во спортскиот центар.

На ваквите вести
особено се израдувал Чави и неговиот тренерски персонал, Матеу Алемани е еден
од креаторите на овој тим на Барса и клучен во преговорите за ангажман на нови засилувања.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×