Меси си заминува, ПСЖ продава две ѕвезди за Мбапе да биде главен

by
1 минути читање

ПСЖ ќе има нов
изглед во сезоната 2023/24, планот е „светците“ да се разделат со неколку
ѕвезди.

Лео Меси си
заминува, Аргентинецот нема да стави потпис на нов договор. Нов клуб се бара и за
Нејмар, неколку формули се во игра, од трансфер, до позајмица (ПСЖ да покрива
дел од платата) па дури и раскин на договорот.

На продажба ќе
биде ставен и Марко Верати и покрај тоа што Италијанецот неодамна стави потпис
на нов договор. Слабите партии и влијанието врз играта (оваа сезона има само 2
асистенции) како и неговиот животен стил (се вратил здебелен и со +4 кг по
паузата за мундијалот во Катар) придонеле управата на „светците“ да смета дека е време за
разделба.

Идејата е Килијан
Мбапе да биде главен и играчот околку кој ќе се гради тимот. Ќе се бараат
француски фудбалери, кои имаат светла иднина и заработуваат многу помалку од
ѕвездите како Меси, Нејмар и Верати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×