Сопственикот на
„топчиите“, Стен Кронки подготвува рекордно трансфер лето, како што пренесува
Тајмс, Микел Артета ќе добие преку 200 милиони фунти за засилувања.
Приоритет на
тренерот е ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем и Моисес Каиседо од Брајтон, се
верува дека ќе бидат потребни околу 170 милиони фунти за двете засилувања.
Микел Артета исто
така сака да донесе засилување во нападот и двајца дефанзивци. Очигледно пари
за сите овие ќе нема, па Арсенал ќе мора да продава за да прибере дополнителни
средства.
Листата со играчи
кои можат да заминат е прилично долга и на нема има имиња како Гранит Џака,
Киран Тирни, Емил Смит Роу, Фоларин Балогун, Роб Холдинг, Ејнсли Мејтланд Најлс,
Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш и Седрик Соареш.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.