Касано: Интер и со младинци да игра ќе го помине Милан, Леао не прави разлика

by
1 минути читање

Вечерва се игра реваншот меѓу Интер и Милан, нероазурите имаат предност од 2-0, па задачата на росонерите ќе биде исклучително тешка.

Антонио Касано кој важеше за контроверзен фудбалер кој не си го исполни својот потенцијал, таков е и по завршувањето на кариерата. Како гостин на подкастот на Бобо Виери, тој во свој стил даде прогноза за вечерашниот меч.

„Интер треба да игра со младинците за да биде елиминиран, но постои ризик дека Милан и тогаш нема да помине, нема да може да ги победи ни нив. Со Леао или без него, малку менува, Милан е инфериорен во однос на Интер. Португалецот не е Кака или Роналдињо, не гледам дека е на тоа ниво“, вели Касано.

„Според мене, треба да се случи катастрофа за Интер да испадне. По првиот меч, перформансите во минатиот месец и предноста од два гола, милан нема шанси. Можеби грешам, но ќе видиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×