532
Барселона синоќа
го совлада Еспањол со 2-4 и ја обезбеди титулата во Ла Лига, имаше големо
славје кое можеше да заврши со сериозен инцидент. Најжестоките домашни навивачи
решија да влезат на теренот и да тргнат по гостинските фудбалери, кои набрзина
избегаа во соблекувалната и спасија жива глава.
Страстите сепак не се
смириле веднаш, во тунелот било прилично тензично, дел од хулигантите не се
откажуваа од намерата, а очигледно и дел од фудбалерите на Барселона не сакаа
да се повлечат.
Серхио Бускетс, Жорди
Алба и Роналд Араухо тргнаа да се тепаат но обезбедувањето не дозволи да дојде
до судир, па се заврши само со туркање и влечење.