Барселона се
врати на тронот во Ла Лига, по три сезони пост, „каталонците“ сега на четири
кола пред крајот ја обезбедија титулата во Ла Лига.
Со триумф од 2-4 во
градското дерби против Еспањол, избраниците на Чави го обезбедија трофејот број
27 во
клупската историја.
По десетина
минути игра, Левандовски го отвори резултат, Балде зголеми на 0-2, а пред
крајот на првиот дел, Левандовски реализираше по втор пат за 0-3.
Кунде на
почетокот од вториот дел донесе 0-4, а до крајот на натпреварот домаќините
успеаја да го ублажат поразот преку Пуадо и Хоселу.
За Барса ова е прва
титула во Ла Лига без Лео Меси во тимот, последен пат без Аргентинецот во
тимот, „каталонците“ беа шампиони во сезоната 1998/99.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.