Анри би вовел четири нови правила во фудбалот

by
1 минути читање

Превенција за крадење на време

„Кога тимот има поволен резултат и одбива да игра, очигледно задржува време, судијата би можел да му даде слободен удар на противникот на 25 метри. Противничкиот тим би можел да бира од каде ќе шутира, само да е во зона од 25 метри. Мислам дека тоа би ги натерало тимовите кои сакаат да крадат време, да не го прават тоа и да играат фудбал до крај“, вели Анри.

Добивање бодови за постигнување голови

Анри би вовел правило според кое тимот би добил дополнителен бод доколку на мечот даде три или повеќе голови, без разлика на резултатот. На пример, играат Лестер и Фулам, Лестер победи со 5-3. Четири бода би освоил Лестер, а Фулам би добил еден бод поради тоа што дал три гола.

Судиите мора да почнат да ги објаснуваат своите грешки

„Ми пречи тоа што судиите никогаш не објаснуваат зошто нешто досудиле, туку само бегаат во соблекувална. Некогаш ќе отсудат фантастично, некогаш лошо. Би сакал по натпреварот да одговараат и тие на прашања“, смета Анри.

Привремени замени

Ова правило би се применувало само во случај поради укажување на медицинска помош или од некоја друга слична причина тимот остане со играч помалку. Тогаш од клупата би можел некој привремено да го замени за да не играат 10 на 11. Кога ќе заврши медицинската интервенција, привремената замена би се вратила на клупата. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×