Мурињо нема понуди од ПСЖ и Реал Мадрид – фокусиран е само на Рома

by
1 минути читање

Португалецот има уште една година од договорот со Рома, но нејасно е дали ќе го одработи во целост или ќе го промени клубот ова лето.

Според „Газета дело Спорт“, Мурињо нема добиено понуди од други клубови, вклучително и ПСЖ и Реал Мадрид со кои се поврзуваше.

Во моментов Мурињо е комплетно фокусиран на Рома и сака во наредниот период да се сретне со сопствениците на клубот на разговор за идните планови.

Минатата сезона Мурињо на Рома ѝ го донесе трофејот од Конференциската лига, а оваа сезона е блиску до пласман во финалето од Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×