Солшер: На Манчестер јунајтед му го нудев Халанд за четири милиони фунти – не го сакаа!

by
1 минути читање

Норвежанецот директно не го откри името на напаѓачот кој им го нудел на „црвените“ шест месеци пред да седне на нивната клупа, но медиумите лесно открија дека станува збор за неговиот сонародник, кој тогаш играше за Молде предводен токму од Солшер.

„Имав талентиран напаѓач кој требаше да биде дел од Манчестер Јунајтед. Им се јавив шест месеци пред да ми ја понудат работата и им кажав дека имам супер напаѓач и дека клубот за кој игра е спремен да го продаде за само четири милиони фунти! Тој требаше да игра за Јунајтед сега, но не ме послушаа. И каде е тој сега? Не ме прашувајте повеќе…“, изјави Солшер.

Халанд во моментов настапува за Манчестер Сити каде што ги урива сите голгетерски рекорди кои во моментов постојат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×