Клубот од Камп
Ноу е во финансиски потешкотии, мора да ги крати трошоците и да ги зголемува
приходите со цел да ги регистрира фудбалерите кои ставија потпис на нови договори
како и засилувањата кои ќе пристигнат летоска.
Се чини дека на
маките на Барса им нема крај, медиумите од Шпанија пренесуваат дека
„каталонците“ треба да платат казна од околу 15,7 милиони евра, даночните
власти утврдиле низа нерегуларности.
Проблематичен е
трансферот на сопственоста на возилата Ауди добиени од спонзорот, соодветно не
се искажувале плаќањата за чартер летови за своите фудбалери, а не биле
прикажани и компензациите исплатени за прекин на договорите на играчи како Арда
Туран и Алекс Сонг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.