„Марка“ тврди дека Емери на Асенсио му понудил плата од дури осум милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што досега шпанскиот репрезентативен офанзивец го заработуваше во „кралскиот клуб“.
Асенсио во изминатиов период се најде во фокусот поради најавите дека може да оди и во Барселона, зашто Чави Ернандес е негов голем навивач, но крилниот офанзивец одбави дека за иднината ќе размислува по завршување на сезонава.
Тоа што многу повеќе го турка кон трансфер е фактот дека не е првотимец и дека за деснокрилната позиција е дури трета опција, зад Родриго и Феде Валверде, кој може да игра и како класичен играч за врска, иако лани беше еден од тројката во нападот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.