Барселона ќе
остане без важна карика, спортскиот директор Матеу Алемани го напушта клубот по
крајот на сезоната, се говори дека тој ќе се пресели во Астон Вила.
Матеу Алемани продолжува
да работи на креирањето на тимот на „каталонците“ за сезоната 2023/24, но во
исто време крои планови и со Унаи Емери за настапот на трансфер пазарот со
Астон Вила.
Според Марка, на врвот
на листата со желби е Марко Асенсио, Матеу Алемани сака фудбалерот на Реал Мадрид
да биде неговата трансфер бомба летоска.
Шпанецот подолго
време е во преговори со „кралевите“ за продолжување на соработката но никако да
падне договор. Матеу Алемани планира да го искористи ова и да го убеди Марко
Асенсио да се приклучи на новиот проект на Астон Вила.
На офанзивниот
фудбалер ќе му биде понудена плата од 8 милиони евра по сезона, што е двојно
повеќе од тоа што го заработува во моментов.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.