Анчелоти: Форца Милан!

by
1 минути читање

Денеска на програмата е второто полуфинале во Лигата на шампионите, дуелот меѓу Милан и Интер.

По вчерашниот меч против Манчестер Сити, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека вечерва природно ќе навива за Милан.

„Тоа е добро полуфинале. Се сеќавам на 2003 година кога беше многу болно полуфинале. Убаво е дека големото дерби се враќа во Европа. Со секоја почит за Интер, но јас можам само да кажам Форца Милан“, рече Анчелоти.

Анчелоти пет години беше фудбалер на Милан, таму ја заврши кариерата. А осум години беше тренер на росонерите, од 2001 до 2009 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×